Шалке 04 не успеа да биде осамен на челната позиција во Бундеслигата откако во 7. коло ремизираше (1-1) против Келн на домашен терен.
Тимот од Гелзенкирхен дојде до водство со голот на Суат Сердар во 72. минута од натпреварот. Кога се чинеше дека Шалке ќе стигне до трите бода, Хектор со погодок во 92. минута донесе бод за гостите од Келн.
Во составот на Келн, пак, не беше воопшто во комбинација за настап младинскиот репрезентативец Дарко Чурлинов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА