Кемниц Најнерс чиј дел е македонскиот стратег Ѓорѓи Кочов го забележа и четвртиот триумф во подготвителните натпревари за новата сезона откако славеше против Мителдојчер со 84-79. Претходно Најнерс славеа убедливо во средбите против чешкиот состав Партдубице и германските Бамберг и Баерн Минхен.
За германскиот состав кој важи за еден од фаворитите за пласман во групната фаза од Лигата на Шампионите на ФИБА македонскиот состав ТФТ ќе биде првиот предизвик на квалификацискиот турнир кој се игра во нашиот главен град. Дуелот против освојувачот на трофејот во Купот на Македонија е закажан за во среда (21.09).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

