Јувентус и турскиот фудбалер Кенан Јилдиз денеска официјално го продолжија договорот до 30 јуни 2030 година. 20-годишниот турски напаѓач, кој веќе е еден од клучните играчи во тимот, доби значително зголемување на платата од околу 1,7 милиони на 6 милиони евра нето годишно (со бонуси до 7 милиони).
„Нашата приказна продолжува. Иднината е црно-бела“, објавија од клубот.
Јилдиз, кој постигна 21 гол во последниве 18 месеци, стана незаменлив дел од проектот на Јувентус и сега е официјално врзан со клубот уште повеќе од четири и пол години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

