Kендрик Нан е најдобар стрелец сезонава во Евролигата

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, е добитник на наградата „Алфонсо Форд“, која се доделува на најдобриот стрелец во Евролигата, за сезоната 2024/25.

Нан имаше просек од 21,1 поен и заедно со плејмејкерот на Баерн Карсен Едвардс го соборија рекордот за најмногу постигнати поени во една сезона со 696.

Едвардс, и покрај тоа што постигна ист број поени како Нан оваа сезона, одигра еден натпревар повеќе од бекот на Панатинаикос, а сезоната ја заврши втор со 20,5 поени по натпревар, изедначен со крилото на Олимпијакос, Саша Везенков.

Нан стана првиот играч кој постигнал 35 или повеќе поени на три натпревари во една сезона во Евролигата. Сезонава американскиот бек беше лидер и конкуренција по бројот на погодени тројки 101.

Ова е втора сезона за Нан во Евролигата, откако минатата сезона беше избран во идеалната петорка на тоа натпреварување и му помогна на Панатинаикос да ја освои титулата европски првак.

Се вчитува...