Само ден откако ги израдува своите навивачи со пласман на финалниот турнир на Евролигата по пауза од повеќе од 10 години, Панатинаикос соопшти нови убави вести за „зелените“ фанови официјално продолжувајќи го договорот со американскиот бек Кендрик Нан.
Американецот пристигна во Атина на почетокот на сезоната и веднаш импресираше со настапите за грчкиот евролигаш. На 28-годишникот не му беше потребно долго време да се привикне на европската кошарка, а ќе остане во неа и во следните две години бидејќи ја продолжи соработката со Пао до 2026 година.
Единствено нешто што може да го спречи во реализирањето на договорот со европскиот гигант е понуда од НБА со оглед на тоа што во новиот договор има опција за преселба „преку барата“ доколку поранешниот кошаркар на Мајами, Вашингтон и ЛА Лејкерс доби примамлива понуда од татковината.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА