Стратегот на Кливленд кавалирс, Кени Еткинсон е најдобар тренер во сезоната во НБА.
Еткинсон ги предводеше Кавс до првото место во Источната конференција во регуларниот дел од сезоната.
Под негова команда тимот забележа учинок од 64 победи и 18 порази, беше најдобар во Источната конференција, но не и најдобар во целата лига по 82 одиграни натпревари.
Оклахома имаше четири победи повеќе во регуларниот дел од сезоната, но тренерот на Тандер, Марк Дењо овојпат остана без престижното признание, кое му беше доделено за неговите заслуги во претходната сезона.
59 од 100 новинари гласаа за Еткинсон како најдобар тренер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

