Кениецот Кипруто и Србинката Јевтиќ победници на „Охрид трчаТ 2018“ (ФОТО)

Кениецот Стенли Кипруто во машка и Србинката Оливера Јевтиќ во женска конкуренција се победници на годинашниот атлетски викенд „Охрид трчаТ 2018“.

Во извонредна организација, прекрасно време и масовност која восхитува, Кипруто патеката од 10 километри која го обиколува кејот на Охридското езеро и стариот дел од градот ја истрча со време од 33.02 минути. На второто место заврши македонскиот атлетичар Милош Ранчиќ со време од 34.32, а трет заврши Атанас Анчевски од АК Делта со време од 35.06 минути. Понатаму следат Кокан Ајановски од „Најк ран клуб“, Муџахед Мислими и Игор Јакимовски од АК Работнички кој истрча со време од 37.45 минути.

Во женска конкуренција, Јевтиќ првото место го освои со време од 35.42 минути, а втора заврши Адријана Поп Арсова од Делта со време од 41.12 минути, пред Милјана Ристиќ од Делта со 42.03 минути.

На рекреативната трка од 5 километри триумфираше Милан Митровиќ од Србија со време од 19.06 минути, а во женска конкуренција Марго Бојаџиева со време од 24:15 минути.

Се вчитува...