Кениската атлетичарка на долги патеки, Беатрис Чебет со голем стил ја заврши одличната година, соборувајќи го сопствениот рекорд на 5 километри на друмската трка во Барселона.
Пред една година, исто така во Барселона, Чебет го постигна светскиот рекорд со време од 14 минути и 13 секунди, а на последниот ден од минатата година таа стана првата жена што ја проби бариерата од 14 минути, а сега новиот светски рекорд е 13 минути и 54 секунди.
„Сè се одвиваше точно според планот, а од старт почувствував дека имам време под 14 минути. Двапати во Барселона и два светски рекорди. Дали би можела да побарам повеќе од тоа“, изјави Чебет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА