Кенијката Кипјегон го урна светскиот рекорд на една милја

Кенијската атлетичарка Фејт Кипјегон го урна светскиот рекорд на една милја. Таа вечерва на митингот од дијамантската лига во Монако оваа делница ја истрча за време од 4:07.64 минути.

Кенијката беше за четири и пол секунди побрзо од досегашниот светски рекорд кој беше во сопственост на неверојатната Сифан Хасан која во Монако 2019 истрча 4:12.33 минути.

Се вчитува...