Осмата атлетска вечер на Олимпискиот стадион во Токио ја одбележаа натпреварувачите од Кенија. За помалку од половина час, тие освоија три медали, од кои два златни. Прво, во трката на 5000 метри, публиката уживаше во борбата помеѓу Фејт Кипјегон и Беатрис Чебет.
Кипјегон претходно славеше на 1.500 метри, додека Чебет беше најдобра на 10.000 метри. Одлуката падна во финишот, а Чебет имаше подобар финиш. Таа се одвои 150 метри пред целта, а Кипјегон не можеше да ја следи. Таа победи со 14:54,36, додека Кипјегон помина 14:55,07. Брозната отиде кај Италијанката Батоклета.
Кенискиот олимписки шампион Ванонји стигна и до титулата светски шампион на 800 метри. Тој водеше од почетокот до крајот. Се чинеше дека го губи првото место во последните 50 метри, но ја задржа смиреноста и прв ја помина целта со време од 1:41.86 што е нов рекорд на шампионатите.
Алжирецот Сеџати заостануваше четири стотинки, додека Канаѓанецот Марко Ароп, бранителот на титулата, беше трет со девет стотинки заостанување зад победникот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

