Кениска доминација на маратонот во Њујорк, поставен е нов рекорд

Кенијската атлетичарка Хелен Обири го освои маратонот во Њујорк, поставувајќи нов рекорд.

Обири која славеше на овој маратон и во 2023 година заврши со време од два часа, 19 минути и 51 секунда со што го собори рекордот од 2:21:31 кој во 2003 година го постави нејзината сонародничка Маргрет Окајо.

Второто и третото место истотака им припадна на Кенијките, Шерон Локеди која заостана 16 секунди и Шејли Чепкируији која заостана 33 секунди зад Обири.

Машката конкуренција донесе неизвесна завршница во која Бенсон Кипруто и Александро Митису завршија со исто време од два часа, осум минути и девет секунди.

Се вчитува...