Кениска доминација на Скопскиот маратон 2023, Дарио Ивановски постави нов државен рекорд (ФОТО)

Виктор Киплагат е победник на деветнаесеттото издание на Скопскиот маратон. Кениецот маратонот го заврши со време од 2.15.09 со што заврши пред неговиот сонардоник Чериот Лабан кој забележа време од 2.16.03.

Третото место му припадна на нашиот најдобар маратонец Дарио Ивановски кој со време од 2.19.08 постави и нов државен рекорд, соборувајќи го рекордот кој му припаѓаше на Трпе Мартиновски.

Во женска конкуренција најбрза беше Рут Матебо од Кенија со 2.44.17, а по неа следеше Мерси Кипкемои со 2.44.52. Третата позиција и припадна на Марија Врајиќ со време од 3.12.51.

Во полумаратонската трка најбрза кај дамите беше Поп Арсова со време од 1.21.19, по што следеа Греша Бакрачи со 1.23.20 и Наиле Сеферај со време од 1.29.53.

Кај мажите на полумаратонот најдобар беше Британецот Бен Фелтон со време од 1.09.17, по што следеа Србинот Велимир Бојовиќ со 1.09.55 и Леонид Вандевски со време од 1.10.10.

Се вчитува...