Францускиот ракометен репрезентативец, Кентин Мае (25), потпиша тригодишен договор со Веспрем. Во редовите на унгарскиот првак Французинот ќе се пресели од следната сезона кога му истекува актуелниот договор со Фленсбург.
Француското лево крило ќе биде во новиот состав на Веспрем што го крои Љубомир Врањеш, кој од летово ќе седне на клупата на местото на Шпанецот Ксавиер Сабате.
Според најавите кои се уште немаат официјална потврда, од летово на позицијата лево крило во Веспрем треба да биде и македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков на кого на крајот на оваа сезона му истекува договорот со Рајн Некар Левен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА