Реал Мадрид тргна во реализација на трансферот на младиот шпански голман Кепа Аризбалага. Како што тврди „Марка“, голманот вчера ги минал медицинските прегледи во базата на „кралскиот клуб“, по што сега ќе следи и активирање на откупната клаузула вредна 20 милиони евра со Атлетик Билбао. По ова, Кепа Аризабалага треба да потпише петгодишен договор со „кралевите“.
Со ова најверојатно ќе се стави крај и на сагата околу ангажман на нов голман на „Сантијаго Бернабеу“. Изминатите две години како нови засилувања за Реал Мадрид се најавуваа Давид де Хеа, Тибо Куртоа или Џанлуиџи Донарума, но на крајот раководството на клубот и тренерот Зинедин Зидан се решија за домашна опција и ангажман на Кепа Аризабалага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА