Повредата на вкрстените лигаменти на левото колено која стави крај на сезоната за Тибо Курота го примора Реал Мадрид да бара ново решение за голманската позиција, а одлуката падна на шпанскиот гоман од Челси, Кепа Аризабалага.
Кепа со преминот во Челси стана најскапиот голман во историјата, но не успеа да се наметне на „Стемфрод Бриџ“ каде минатата сезона беше втор избор пред повредата на Менди. А, и покрај заминувањето на Сенегалецот тој не ги освои симпатиите на новиот тренер Маурисио Покетино па се најде на излезните врати.
Шпанецот веќе подолго време преговараше за премин во Баерн Минхен, но интересот на Реал Мадрид ја промени одлуката на 28-годишникот кој веднаш прифати враќање во татковината.
Според информациите на англиските медиуми Челси и Реал Мадрид веќе се договориле за едносезонска позајмица без обврска за откуп на договорот, нешто што е во полза и на двата клубови и на гоманот кој во текот на следната недела треба да го официјализира договорот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

