За најскапиот голман на сите времиња, Кепа Аризабалага и во новата сезона нема да има место во Челси па така тој ќе замине на нова позајмица по онаа во Реал Мадрид изминатата сезона.
Шпанскиот чувар на мрежата овој пат останува во Премиеригата каде ќе настапува во дресот на Борнмут до крајот на сезоната.
Преговорите се во завршна фаза, а покрај потпис на договор за позајмица, тој ќе стави потпис и на нов договор со Челси до крајот на сезоната во 2026 година со оглед на тоа што актуелниот договор со „сините“ му завршува на крајот на престојната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА