Челси го загуби финалето на Лига купот на Англија од Манчестер Сити на пенали (3-4), а во очите на фудбалската јавност остана скандалот што се случи во 120.минута, кога шпанскиот голман Кепа Аризабалага одби да го послуша менаџерот Маурицио Сари и не сакаше да биде заменет. Италијанскиот стратег збесна, сакаше да си замине во тунелот, но потоа се врати и сепак го водеше тимот до крајот.
Се огласи и Кепа Аризабалага, кој заслужи максимални критики, а голем број од фановите на Челси бараат да биде раскинат и неговиот договор со клубот. Тој вели дека немал намера да покаже непочитување.
„Би сакал да разјаснам некои работи за мечот, посебно за завршницата. Ниту во еден момент мојата намера не беше да не го почитувам менаџерот или било која негова одлука. Мислам дека се беше недоразбирање во жарот на завршницата на натпреварот за трофеј. Тренерот мислеше дека не сум во ситуација да продолжам да бранам, а мојата намера беше да манифестирам дека сум во добра состојба и тоа да го разберат на клупата, додека не се вратат лекарите кои ми даваа претходно помош. Чувствувам дека сликата што се создаде во јавноста воопшто не беше моја намера. Имам максимален респект и кон менаџерот и кон неговиот авторитет во тимот“, истакна Кепа Аризабалага.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА