Шпанскиот голман Кепа Аризабалага и во следната сезона нема да биде дел од Челси каде за него нема место. Тој е ставен на трасфер листата, но доколку не се најде заинтересиран купец до крајот на преодниот рок не се исклучува и можноста за нова позајмица со цел да се олесни буџетот.
Засега интерес за услугите на 29-годишникот покажува Борнмут кој не стигна до посакуваното засилување Гиорги Мамардашвили.
Борнмут веќе започнал иницијални преговори за негова позајмица, а ја следи и ситуацијата со Арон Рамсдејл кој е пред заминување од Арсенал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА