Кепа херој, Арсенал преку пенали во полуфиналето на Карабао Купот (ВИДЕО)

Арсенал се пласираше во полуфиналето на Лига Купот, откако на пенали го елиминираше тимот на Кристал Палас. Кепа Аризабалага е херојот кој во осмата серија му одбрани удар на Лакроа, откако претходно Салиба реализираше, па така тимот од Лондон ќе игра против Челси за пласман во финалето.

Регуларниот дел заврши 1-1. На првиот гол се чекаше се до 80. минута кога Лакроа си ја затресе сопствената мрежа, и тоа му донесе предност на Арсенал на овој меч.

Сепак, во 95. минута Гуехи успеа да го израмни резултатот, и да му донесе можност преку пенали на Кристал Палас да се надева на пласман во полуфиналето.

Во првите пет серии стрелците беа максимално прецизни и за Арсенал и за Кристал Палас, па потоа се отиде кон фаза во која ниту една од екипите немаше право на грешка.  Клучна беше осмата серија, во која Лакроа, кој си постигна автогол, не реализираше, односно Кепа му го одбрани ударот па „топчиите“ се пласираа во полуфиналето на Лига Купот.

Се вчитува...