Кепа има еден кошмар од Шпанија – Енис Барди

Кепа Аризабалага стана најскап светски голман со трансферот во Челси вреден 80 милиони евра. Шпанскиот чувар на мрежата имаше серија добри настапи против гигантите Реал Мадрид и Барселона, но од „Примера“ со себе кон Премиер-лигата носи и еден „кошмар“ – Македонецот Енис Барди.

Токму нашиот интернационалец го посрамоти Кепа на натпреварот одигран минатата сезона, постигнувајќи му два прекрасни погодоци од слободен удар за нешто повеќе од две минути игра.

Шпанецот најпрвин постави двајца играчи во живиот ѕид, па Барди го надмудри директно од „скратен корнер“, во вториот обид шутот исто така беше откосо, а Кепа само со поглед ја проследи топката како завршува во неговата мрежа.

За Барди тоа беше уште еден доказ за високата класа, а за Кепа – најлош момент во сезоната, негова последна во Шпанија пред рекордниот трансфер во Челси.

Се вчитува...