Кепа Аризабалага ќе има нов клуб сезоната откако шпанскиот чувар на мрежата ја комплетираше преселбата во редовите на Борнмут. Најскапиот светски голман не се снајде во Челси, ланската сезона ја мина на позајмица во Реал Мадрид по повредата на Куртоа, но „кралевите“ јасно ставија до знаење дека нема да го откупат неговиот договор со лондонскиот клуб.
Од неколкуте понуди на маса Кепа ја избра онаа на Борнмут, па денеска и официјално се пресели на едногодишна позајмица во клубот од „Вајталити“ стадионот.
Борнмут беше во потрага по врвен голман, а откако извиси во обидот да стигне до Мамардашвилина позајмица од Ливерпул раководството на клубот се насочи кон Кепа.
„Пресреќни сме што носиме фудбалер од калиброт на Кепа во Борнмут. Бевме свесни дека тој е достапен на пазарот, направивме се за да го донесеме на позајмица и презадоволни сме што успеавме во нашата намера“, изјави извршниот директор на Борнмут, Нил Блејк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА