Кер: Играв против Карим, но Јокиќ е најдобар на сите времиња

Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, го пофали Никола Јокиќ по натпреварот против Денвер, велејќи дека тој е најдобриот центар во историјата на лигата.

На српскиот центар му недостигаше една асистенција за нов трипл-дабл во поразот од Голден Стејт (118-104).

„Неправедно е да се споредуваат епохите, но тој е најдобриот центар што некогаш сум го видел. Играв против Карим Абдул-Џабар, толку сум стар. Карим не можеше да ги прави сите тие работи“, рече Кер.

Се вчитува...