Кер: Не е ова 1992 година па Америка да доминира

Германската кошаркарска репрезентација со победа во полуфиналниот натпревар против Соединетите американски држави закажа битка за златен медал против Србија.

Ова е втор светски собир по ред во кој Американците потфрлаат во желбата за доминација. Откако во 2019 година го завршија првенството во Кина на петтото место и овој пат нема да бидат во конкуренција за највисок пласман.

Селекторот Стив Кер на тоа изјави дека оваа игра толку е глобализирана што повеќе не е 1992 година, врвна кошарка се игра насекаде низ светот, а мора акцентот да биде ставен на одбраната.

„Оваа игра толку се глобализираше во последните 30 години. Овие натпревари се се потешки и потешки. Не е веќе 1992 година. Самите кошаркари се подобри на секаде низ светот, подобри се и репрезентациите. Не е лесно да освоите Светско првенство или Олимписки игри“, изјави Кер кој потоа се осврна и кон сребата со Германците.

„Звучи лудо, но го загубивме натпреварот од првиот скок во напад. Од самиот почеток требаше да го наметнеме нашето темпо и не го направивме тоа. Едноставно немавме одбрана и тоа беше проблемот. Тешко е да го чуваш Шредер, не успеавме ни да го контролираме Обст, напротив го разигравме“

Се вчитува...