Американската кошаркарска репрезентација која важи за фаворит за освојување на златниот медал на Летните олимписки игри во Париз доживеа шок во последниот пријателски натпревар откако по голема драма успеа да слави над Јужен Судан и тоа со само еден поен.
За натпреварот свој осврт даде и селекторот на САД, Стив Кер кој вели дека овој натпревар е битен за неговите кошаркари да се потсетат дека секоја репрезентација го игра натпреварот на животот против нив и дека доколку не бидат на вистинското ниво следен пат ќе доживеат пораз.
„Целиот тим на полувремето беше посрамотен. Леброн Џејмс не беше задоволен што го оставив на клупа во третата четвртина. Видов дека е неверозен и дека сака да влезе во игра што поскоро. Крајот за нас беше добар. Не потсети овој натпревар дека секој наш противник го игра натпреварот на својот живот против нас.
Ова е првиот натпревар во кој не бевме сигурни за исходот. Добро е што тоа сега го почувствувавме. Ќе го почувствувавме тоа повторно. Добро е што имаме предизвик. Ако не играме на вистински начин и доколку форсираме секој може да не победи. Но, ако влеземе во натпреварот во вистинска брзина тогаш може да ги прегазиме другите. Ако не дадеме се од себе ќе загубиме“, вели Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

