Кер: Никола Јокиќ е толку доминантен што ретко кој може да го чува

Српскиот интернационалец Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл учинок во НБА лигата откако изминатата вечер го предводеше својот Денвер до триумф над Голден Стејт со 32 поени, 16 скокови и 16 асистенции.

Пофални зборови за српскиот центар по натпреварот имаше и тренерот на Голден Стејт, Стив Кер кој призна дека неговите играчи не можат да се носат со корпулентниот Јокиќ.

„Ниеден наш кошаркар не одигра на посакувано ниво. Јокиќ е неверојатен, доминираше и постојано беше чекор пред нас. Нагетс се шампиони со причина. Го контролираа целиот натпревар.

Јокиќ е многу крупен и на Дрејмонд му беше многу тешко да го чува. Ретко и кој може. Тој е сила, толку е доминантен и паметен во одбраната. Неверојатно е како ја чита играта. На Гордон му намести забивање две минути пред крајот, а мислам дека не го ни виде. Едноставно знаеше дека ќе биде таму. Денвер не губи кога Јокиќ има 16 асистенции. Тоа значи дека и останатите во тимот се вклучени во играта и погодуваат“, изјави Кер.

Се вчитува...