Кошаркарите на Партизан ја победија Мега со резултат 112-80 во натпреварот од 17. коло во АБА лигата, меч кој помина во емотивна атмосфера поради збогувањето со Дејан Милојевиќ.
Целиот меч организирано во Америка го следеа играчите и стручниот штаб на Голден Стејт Вориорс, тимот во кој работеше Милојевиќ пред трагичниот настан.
„Срцепарателно. Поразително. Ова е најтешката работа во која сум бил дел во НБА. Тешко е да се опише оваа наша недела. Изгубивме некој толку близок до нас. И уште поважно, најтешкиот дел е да се види како неговото семејство страда. Последнава недела, последните пет дена, беа исполнети со шокови, емоции, големи изливи на љубов… Не знам дали го видовте настанот во Србија, двете екипи во кои беше, Мега која ја тренираше и Партизан, тимот во кој беше ѕвезда. Не знам дека сум видел вакво нешто пред натпревар. Го гледавме како тим. Добивме подобра слика за тоа што значел Дејан за своите сонародници. Се разбира, тој ни значеше многу, Наташа, Маша и Никола… Ова беше премногу тажно за нас“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

