Српскиот интернационалец Никола Јокиќ ја одбележа изминатата вечер во НБА лигата каде го предводеше својот Денвер до триумф на гостувањето кај Голден Стејт од 127-130 со кош од речиси половина терен со звукот на сирената.
Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер на интересен начин го прокоменитра поразот на неговиот тим изјавувајќи дека само Србинот би можел да ги совлада на таков начин.
„Не изгледаше дека ќе влезе низ обрачот. Кога шутна изгледаше дека ќе промаши, но очигледно не беше така. Ако некој може да не победи на таков начин тоа дефинитивно е тој. Тој е феноменален играч“, изјави американскиот стратег.
Unaltered video of Steve Kerr’s actual reaction to Jokic’s buzzer beater.
Unreal stuff, you can really feel the emotion here.
This is why we play pic.twitter.com/vjgpEr0rwD
— Vonzetti (@Vonzetti) January 5, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

