Тренерот на Голден Стејт Вориорс, Стив Кер изјави дека првата ѕвезда на неговиот тим, Стеф Кари е како легендарниот Мајкл Џордан, а Вориорс и самиот Кари уживаат голема поддршка на гостински терен бидејќи навивачите ги препознаваат нивните квалитети.
Кер е главен стратег на Вориорс од 2015 година и со Голден Стејт освои четири титули. Како играч, тој беше дел од Чикаго Булс, каде со Џордан заедно освоија три прстени, додека Кер беше шампион со Сан Антонио Спарс уште два пати како играч.
„ Кари е модерен Џордан. Никогаш досега не сме имале можност да видиме играч како Кари. На луѓето им е лесно да се идентификуваат со него бидејќи тој не е физички доминантен како некој суперхерој. Тој е висок 190 сантиметри и тежок 84 килограми. Многу луѓе имаат слични предиспозиции, но никој од нив не може да игра како Стеф. Тој е голема инспирација и затоа луѓето масовно не поддржуваат далеку од дома“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

