Голден Стејт Ворирос заедно со кошаркарите, тренерите, стручниот штаб и навивачтие во преполната „Чејс“ арена емотивно се опрости од српскиот тенер Дејан Милојевиќ кој на 46-годишна возраст го загуби својот живот по срцев удар.
На загревањето кошаркарите на грбот носеа натпис „Милојевиќ“, пред мечот беше интонирана српската химна, а дел од кошаркарите не можеа да ги запрат солзите за време на говорот што во арената го одржа тренерот Стив Кер.
Американскиот стратег по натпреварот откри и интересен детал дека во чест на Србинот пред средбата се напиле чаша ракија.
„Најверојатно ова не треба да го кажам, но сите тренери се напивме чаша ракија пред натпреварот. Сите пиевме во чест на Деки. Победивме па може треба да ни стане традиција“, откри Кер.
Warriors coaches took a pregame shot of Rakija tonight in honor of Dejan Milojevic.pic.twitter.com/RuEOPESft5
— Harrison Wind (@HarrisonWind) January 25, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

