Кер: Во целата поранешна Југославија се игра добра кошарка

Кошаркарските репрезентации на Србија и Соединетите американски држави се првите патници во полуфиналето на Светското првенство. До место меѓу најдобрите четири репрезентации на светот Србите и Американците стигнаа со убедливи победи против Литванија, односно Италија.

Селекторот на САД, Стив Кер кој во НБА кариерата има вкупно девет шампионски прстени како играч и како тренер по натпреварот на својата држава го прокоментира и првиот четвртфинален натпревар, а имаше пофални зборови за нивото на играта во земјите од поранешната Југославија.

„Литванија одигра маестрално против нас, а и покрај тоа што не го гледав првиот натпревар слушнав дека Србија била мастрална против нив и тоа го почитуваме. Во Србија се игра одлична кошарка, како и целата поранешна Југославија. Долго време таму кошарката е на врвно ниво и мораме тоа да го почитуваме. Тоа ни е јасен знак дека на овој турнир и понатаму има врвни екипи“, изјави Кер.

Шанса за пласман во полуфиналето ќе има и Словенија која предводена од Лука Дончиќ утре од 14 часот и 30 минути ќе се сретне со Канада.

Се вчитува...