Кер за Стеф Кари: Апсолутно неверојатен (ВИДЕО)

Голден Стејт забележа „брејк“ во осминафиналната серија против Хјустон во плеј-офот на НБА поведувајќи со 1-0 по триумф од 85-95 во кој одново се истакна Стеф Кари предводејќи го својот тим со 31 постигнт поен.

За фантастичниот настап бекот доби пофалба и од својот тренер Стив Кер кој го нарече апсолутно неверојатен.

„Апсолутно неверојатен. И со таква одбрана и притисок над него од кошаркари како Томпсон тој постигна неколку неверојатни поени и не предводеше во нападот заедно со Џими“, изјави Кер.

Се вчитува...