Актуелната шампионка на УС Опен го напушта турнирот уште во првото коло откако доживеа пораз од 45. рангираната Наоми Осака од Јапонија. 19-годишната тенисерка импресионираше со својот настап на главниот терен во Њу Јорк, имаше тотална контрола и во двата сета, кои ги освои со 6-3, 6-1. Ова е втор пат во историјата на овој Гренд слемот, една актуелна шампионка да биде елиминирана уште во првото коло од натпреварувањето.
Двете тенисерки ги освојуваат гемовите на свој сервис се до резултатот од 4-3 во корист на младата Осака. Кербер потфрли на својот сервис, а Јапонката со својот прв брејк прави водство со кое подоцна го освои сетот со 6-3. Бранителката веднаш го загуби својот прв сервис во вториот сет, а потоа доживеа тотален дебакл од аутсајдерот. Кербер успеа да освои само еден гем, а мечот заврши со кочениот исход во корист на Наоми Осака, 2-0(6-3, 6-1).
Осака во следното коло ќе игра против победничката од средбата меѓу Чехињата Дениса Алертова и Швеѓанката Ребека Петерсон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА