Анжелик Кербер ја доби женската пресметка против Белинда Бенчиќ во финалето на Хопман купот и го израмни резултатот на 1-1 во победи. Победникот ќе го решава дуелот во мешани двојки.
Германката Кербер беше убедлива против Бенчиќ и го доби мечот со 2-0 во сетови. Првиот сет го доби со 6-4 во гемови, а славеше и во вториот, но потешко, со 7-6. Тоа беше доволно за израмнување во генералната битка за трофејот.
Претходно, Роџер Федерер го донесе првиот поен за Швајцарија, совладувајќи го Александар Зверев со 2-0 во сетови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА