Германската ветеранка Анжелик Кербер и романската тинејџерка, Бјанка Андреску ќе играат во финалето на Мастерсот во Индијан Велс.
Кербер во полуфиналето беше доминантна против Швајцарката Белинда Бенчич и мечот го доби во два сета, 6-2, 6-4. За Кербер ова е прво финале во Индијан Велс откако претходно во 2012 и во 2013 година стигнуваше до полуфиналето.
Романската тинејџерска сензација, Бјанка Андреску го направи најголемиот успех во кариерата со пласманот во финалето. Таа ја елиминираше шестата турнирска носителка, Елина Свитолина со 2-1 во сетови.
Битката за титулата во Индијан Велс ќе биде прв меѓусебен дуел на Кербер и Андреску.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА