Манчестер Јунајтед го демолираше градскиот ривал Манчестер Сити во дербито на 22. коло во Премиерлигата. „Црвените ѓаволи“ прикажаа фантастична игра, потполно го лимитираа противникот и славеа со 2-0.
Победата наиде на големо задоволство кај повремениот тренер Мајкл Керик кој изјави дека овој квалитет на игра треба да биде присутен на секој натпревар.
„Предизвикот за сите нас е веќе во следниот натпревар да ја повториме оваа игра. Секој игра мора да се повторува и овој да биде нашиот стандард. Нема да дозволиме да не понесат емоциите по оваа победа, но дефинитивно мислам дека сите размислуваме и се согласуваме кој е стандардот на Јунајтед и под кој просек не ни наликува да бидеме“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

