Манчестер Јунајтед стигна до презначаен триумф во дербито на колото во Премиерлигата славејќи над Арсенал со 2-3.
Ова беше втор триумф во низа за „црвените ѓаволи“ и тоа против противник во „големата четворка“ откако „црвените ѓаволи“ претходно го надиграа градскиот ривал Манчестер Сити па привремениот тренер Мајкл Керик не го криеше задоволството.
„Тука сум само две недели и очајно сакам да им помогнам на играчите и да го подобрам тимот со цел да имаме што подобар финиш на сезоната. А, на денови како овој и оној претходниот викенд многу лесно е да се навлечете. Сакаме да продолжиме да се наградуваме на овие победи и да оствариме добри резултати и во неделите кои следат“, изјави Керик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

