Ќерката на Алесандро дел Пјеро потпиша со Јувентус

По 12 години презимето Дел Пјеро повторно ќе го краси дресот на Јувентус. Иконата на славниот клуб од Торино, прославениот Алесандро дел Пјеро, доби свој наследник во Јувентус.

Неговата ќерка Доротеа дел Пјеро стана член на женскиот кадетски тим на Јуве. Доротеа е родена во 2009 година и почна да игра фудбал во Америка, а од 2022 година беше член на академијата на Јувентус. Клубот сега одлучи да ја вклучи во кадетскиот тим.

Младата надеж е подготвена да тргне по стапките на својот татко и еден ден да заигра за првиот тим на Јувентус.

Се вчитува...