Ќерката на Денис Родман ќе биде дел од четата на Андоновски (ФОТО)

Ќерката на Денис Родман, Тринити Родман се најде во поширокиот список од 25 фудбалерки за првите подготовки на македонскиот стратег на клупата на женската репрезентација на САД, Влатко Андоновски.

Деветнаесетгодишната Тринити е дел од актуелниот првак на женската фудбалска лига на САД, Вашингтон Спирит, а оваа година беше прогласена за најдобар „руки“ на сезоната.

„Таа минатата сезона беше една од најдобрите фудбалерки во првенството и докажа дека може да биде конкурентна и на професионалната сцена. Со тоа заслужи повик во репрезентацијата“, изјави Андоновски.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Trinity Rodman (@trinity_rodman)

Се вчитува...