Ќерката на легендарниот атлетичар во поранешна Југославија, Драгутин Топиќ, српската атлетичарка Ангелина Топиќ го освои бронзениот медал во финалето на Светското првенство во скок во височина кое се одржува во Токио.
Ангелина скокна 1,97 метри за да го подели третото место со Јарослава Махучик, олимписката шампионка, која на крајот се прецени себеси. Златното одликување го освои Олислагер, која заедно со „сребрената“ Марија Зоџик беше единствената што успеа да скокне два метра.
Ова е прв медал за Ангелина Топиќ од Светско првенство, откако претходно освои медали (сребро и бронза) од европските првенства.
— OvoOno (@OvoOnoX) September 21, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

