Ќерката на Марадона: Собата кај што спиеше татко ми смрдеше на урина

Во продолжението на судењето на седумте лекари и медицински сестри кои се обвинети за несовесно постапување со пензионираниот фудбалски ас Диего Марадона, пред судот сведочеше неговата ќерка Далма.

Според неа, собата во која татко и ги минал последните денови мирисала на урина. Најстарата од трите ќерки на Марадона вели дека лекарите кои се грижеле за нејзиниот татко не се грижеле за него на вистински начин.

„Собата во која престојуваше татко ми беше ужасна: мирисаше на урина, човечко суштество не треба да биде на такво место, го пуштија татко ми да остане во такви услови. Ми ветија дека ќе го хоспитализираат, но тоа никогаш не се случи. Не натераа да веруваме во нешто што не постои. Бевме измамени на најлош начин, само за да ја поддржиме лагата“, изјави Далма.

Судењето на групата лекари ќе продолжи и во наредните недели, а се уште не може да се погоди во која насока ќе оди судењето. Во секој случај, сведочењето на Далма Марадона фрла ново светло на целиот случај.

Се вчитува...