Ќерката на Михаел Шумахер и донесе „злато“ на Германија

Ќерката на легендарниот возач во Формула 1, Михаел Шумахер, Џина-Марија, ја продолжува победничката традиција на своето семејство. На Светското младинско првенство во коњички спортови што се одржа во Швајцарија, 20-годишната Џина-Марија Шумахер, и донесе на Германија златен медал во нејзината категорија.

dzina sumaher

Талентираната Џина-Марија имаше поддршка од трибините од мајка и Корина, од нејзиниот помлад брат Мик и од чичко и, Ралф Шумахер.

s-corinna-schumacher1-t

И двете деца на Михаел Шумахер кој е најуспешен возач во историјата на Ф1 со седум шамоионски титули, ги имаат победничките гени од својот татко. Шумахер во 2013 година  се здоби со тешка повреда на главата на скиње во Франција и се уште се бори со последиците од кобниот пад.

Но, неговите деца чекорат сигурно по неговите стапки. За разлика од Џина Марија која бележи врвни резултати во коњичките спортови, нејзиниот брат Мик ја продолжува семејната традиција во автомобилизмот.

sumaher 2

По успешните настапи во картинг серијата и во Формула 1, на крајот на август, 18-годишниот Мик Шумахер во Белгија ќе го вози шампионскиот  болид на својот татко во чест на неговата прва Гран-при титула на легендарната патека „Спа“.

Се вчитува...