Седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, наполни 57 години во сабота, на 3 јануари. Неговата ќерка Џина-Марија (29) се огласи на Инстаграм за да го прослави овој настан, објавувајќи претходно непозната и невидена семејна фотографија.
На неа Михаел е со насмевка со неговата сопруга Корина, ќерката Џина-Марија и синот Мик, кој подоцна одеше по тапките на таткото и стана возач во Формула 1.
„Најдобар засекогаш, среќен роденден тато“, напиша Џина-Марија под фотографијата.
За многумина Шумахер останува најдобар возач во Формула 1 на сите времиња, а од неговата несреќа на француските Алпи во 2013 година, малку се знае за неговата состојба.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

