Ќерките го гледале Марадона како се дрогира во семејниот дом

Џанина, повозрасната ќерка на аргентинската фудбалска легенда, Диего Марадона, тврди дека во периодот кога нејзиниот славен тако бил зависник од кокаин, дрогата ја земал и во семејниот дом во присуство на децата. Во телевизиско шоу, таа раскажува дека нејзината помлада сестра Далма некогаш влегла во тоалетот и го видела Марадона како се дрогира.

Џанина раскажува и дека поради зависноста на нејзиниот 15. роденден Марадона изгубил свест и бил однесен во болница. Марадона не е во добри релации со ќерките, кај помалата Далма минатата година не присуствуваше ниту на свадбата.

Марадона јавно призна дека бил зависник од кокаин во перидот од средината на 1980-те до 2004 година. Зависноста почнала во Барселона во 1983 година и траела во текот на целата кариера.

Се вчитува...