Керол: Платата во Бордо е помала од киријата што ја плаќам за куќата во која живеам

Поранешниот англиски репрезентативец, Енди Керол откри дека неговата плата во француски Бордо е помала од сумата што ја плаќа за кирија. Керол оваа сезона се пресели од Амиен во Бордо, познат клуб кој поради банкрот испадна во четвртиот степен на натпреварувањето. Во таборот на Жирондинците се чувствува добро, опуштено и спокојно, иако заработува помалку од просечен програмер.

Медиумите шпекулираа дека тој добива 3.500 евра месечно, но самиот Керол вели дека сумата е всушност помала.

„Нема да ви кажам точно колку ми е платата, но ќе ви кажам дека кога стигнав овде изнајмив мала куќа, а платата ми е помала од тоа што ја плаќам, јасно е дека не дојдов тука за пари. Имав понуди да играм во Саудиска Арабија, но тоа не ме интересираше“, изјави Керол.

Според „Лекип“, Керол заработува помалку од 2.500 евра месечно во Бордо.

Се вчитува...