Реал Мадрид по огромна битка во неизвесен финиш триумфираше на дуелот со Макаби со минимални 86-85, благодарение на тројката што ЏејСи Керол ја постигна на помалку од три секунди до крајот на мечот.
„Кралевите“ се соочија со сериозни проблеми, во одбраната не успеаја да најдат начин да го неутрализираат израелскиот гигант, што придонесе Макаби да го контролира резултатот во текот на последната четвртина. Вилбекин погоди за водство на гостите од 83-85 на десет секунди до крајот, но Реал маестрално ја одигра последната акција, Љуљ ја пренесе топката и го проигра Керол, кој веднаш по излегувањето од блокот на Тавареш се крена на скок-шут и ја смести топката низ обрачот.
Најдобар поединец во таборот на „кралевите“ беше Џордан Мики со 16 поени и 11 скокови, Рендолф постигна 11, а Кампацо 10 поени за победничкиот тим. Вилбекин голем дел од мечот го играше повреден, сепак успеа да стигне до 22 поени, но и тоа се покажа недоволно за Макаби да приреди сензација во Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА