Барселона со реми 1-1 против нискологашот Олот ги стартуваше подготовките за новата сезона во Ла лига и Лигата на шампионите. На овој натпревар тренерот на Каталонците, Чави Хернандез го размеша малку тимот со играчи од првиот тим и од „Ла масија“, а свое деби имаше и најновата аквизиција на клубот, Френк Кеси.
Барселона дојде до водство од 1-0 со голот на Пјер Ерик Обамејанг во 28. минута, додека конечните 1-1 ги постави Амагат од пенал во 45. минута. Во втроиот дел мируваа мрежите на двата голмани.
Голот на Пјер Ерик Обамејанг можете да го погледнете на следниот линк.
Голот на Амагат можете да го погледнете на следниот линк.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

