„Кец“ по географија: Ѕвездата на Баер Леверкузен се посрамоти за македонското знаме

Баер Леверкузен е лидер на табелата во Бундеслигата, фудбалерите играат одлично, но дел од нивните ѕвезди се слаби по географија.

Тимот објви видео на социјалните мрежи на кои знамињата на земјите требаше да ги погодуваат ѕвездите Жереми Фримпонг и Натан Тела.

На Фримпонг му падна македонското знаме. Најпрво кажа дека го знае точниот одговор, но потоа кажа дека е Гибралтар. За разлика од него, Тела го знаеше точниот одговор.

Се вчитува...