Кевин де Брујне го договори мега трансферот во Саудиска Арабија?

Фантастичниот белгиски голгетер Кевин де Брујне е блиску до премин во саудиското првенство каде ќе настапува за Ал Итихад, пренесуваат англиските медиуми според кои тој веќе ги договорил личните услови за потпис на договор.

Останува уште англискиот и саудискиот клуб да ја одредат цената за трансфер на фудбалот кој по пристигнувањето во Манчестер Сити се наметна како еден од најдобрите играчи за врска во светот.

И самиот Де Брујне не ја криеше желбата за премин во Саудиска Арабија доколку добие некоја „непристојна“ понуда која финансиски ќе им го олесни животот на неговите блиски, но и неговите пријатели.

„Ако постои добра пондуда и му кажете на Пеп дека сакате да заминете тоа е возможно. Можеби е различно во другите клубови. Но, јас никогаш не сум дал дознаење дека сакам да заминам. Имам повеќе од доволно пари, но ако дојде некоја апсурдна понуда тогаш морам да размислам и за мојата фамилија, моите роднини, моите внуци и правнуци и моите пријатели“, изјави Де Брујне говорејќи за можниот трансфер во егзотичното првенство.

Доколку се реализира трансферот Де Брујне во Ал Итихад за соиграчите ќе ги има Карим Бензема, Нголо Канте, Фабињо…

Се вчитува...