Првата ѕвезда на Феникс Санс, Кевин Дурент, како и Бредли Бил наскоро би можеле да се вратат на паркетот во НБА лигата. Според дамериканските медиуми, се очекува да се вратат Дурент и Бил за натпреварот со Лос Анџелес Лејкерс, во рамките на НБА Купот.
И двајцата пропуштија по неколку натпревари оваа сезона, поради што тимот е во голем пад. Санс ја започнаа сезоната со 8-1, додека во составот беше Дурант, а без него успеаја да забележат само една победа на седум натпревари.
Сезонава Дурент бележи просечни 27,6 поени со 6,6 скока и 3,4 асистенции во дресот на Санс, со вкупно 55 проценти шут од поле. Од друга страна, Бредли Бил има просек од 17,8 поени со 4 скока и 3,7 асистенции додека шутира речиси 50 отсто од поле.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА