Кевин Дурант станува акционер во ПСЖ

Големата кошаркарска ѕвезда Кевин Дурант е подготвен за нова спортска инвестиција, овојпат како косопственик во францускиот фудбалски гигант ПСЖ.

Дурант во 2016 ја отвори компанијата „Thirty Five Ventures“ заедно со својот долгогодишен агент Рич Клајмен,во изминатиот период дополнително зголемувајќи си го богатството преку низа успешни инвестиции.

Кошаркарскиот суперстар е оптимист дека тоа ќе биде случај и со францускиот фудбалски колектив, каде е подготвен да инвестира десетици милиони долари. Дурант низ годините развил добар однос со Насер ал Келаифи откако неколку пати беше специјален гостин на ПСЖ, па НБА-ѕвездата е подготвена да влезе како малцински акционер, а потоа доколку клубот се развива според очекувањата, и да ја зголеми својата инвестиција.

Се вчитува...